Есенски тренд: Идеален маникир за минималистите

3 октомври 2022

Новата сезона ни носи многу новитети, како во модната сфера, така и во сферата на убавината и маникирот.

Следејќи ги дизајните кои се најпопуларни во последен период на социјалните мрежи, можеме да заклучиме дека минимализмот победува на повеќе полиња, вклучувајќи ги и ноктите. Па, затоа што сме во чекор со трендовите, денес одличивме со вас да споделиме еден во кој ќе се вљубат минималистите.

Фото: Pinterest

Оние кои претпочитаат едноставен дизајн на нокти никогаш нема да погрешат со класичниот избор на француски маникир, но оние кои сакаат да се обидат со нешто ново и малку поинакво, а сепак да не отскокнат од минимализмот, во тој случај, геометриските форми несомнено заслужуваат шанса.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Овој тренд вклучува едноставна основа во неутрални тонови, како што се беж, кафена, или маслинесто зелена, совршени за есенските комбинации, врз кои се прават геометриски отпечатоци со минијатурни четки или сунгерчиња во форма. На овој начин се добива неодолив и префинет минималистички маникир.

Во прилог ви претставуваме неколку инспиративни примери кои можете да ги следите за да постигнете ваков изглед.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Објавено:
3 октомври 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.656 пати