Голем број жени секојдневно се соочуваат со проблематична кожа, особено со неизедначен тен на лицето.
Како одговор на овој чест проблем на современите жени, престижниот бренд Estee Lauder лансираше нова колекција Enlighten која е сеопфатна 24 часовна линија која делува против неизадначеноста на тоновите на кожатаи сите врсти на дисколорација(лузни од акни, црвенило, темни флеки, сивило на кожата).
Колекцијата ја сочинуваат 3 производи кои се користат како “режим” и овозможуваат корекција и заштита против настанување на темни флеки:
Enlighten Dark Spot Correcting Night Serum – серум кој превентивно делува против создавање на нови флеки и ги намалува веќе постоечките. За сите типови на кожа. Содржи екстракт од слива.
Enlighten Even Effect Skintone Corrector SPF 30 – дневна хидратантна крема, лесно обоена, го изидначува тонот на кожата. Овозможува дневна заштитапротив УВ зраците, загадувањето и дејството на слободните радикали. Доаѓа во три нијанси(Light, Medium I Deep), во зависност од дисколорацијата.
Enlighten Even Skintone Correcting Creme- дневна и ноќна крема која благо го осветлува изгледот на кожата и овозможува богата хидратација. Моќна комбинација од антиоксиданти и смирувачко дејство. Содржи екстракт од јаболко и лубеница.
Повеќе информации погледнете на линкот овде.