Со почетокот на новата година, доаѓаат и новите трендови за кои веруваме дека ќе ги обожувате!

Ако претходно ви посочивме кои ќе бидат трендовите кај шминката и само споменавме дека плетенките ќе бидат огромен хит, ова е фризурата што дефинитивно ќе преовладува кај девојките ширум светот.

Голема е веројатноста дека во детските денови вашите мајки обожуваа да ви ја плетат косата на различни начини, а овој дефинитивно беше еден од нашите омилени.

Токму затоа, огромна е радоста за враќањето на овој тренд кој прв пат можевме да го видиме кај девојките од семејството Кардашијан, моделот Џиџи Хадид, Хејли Болдвин, Ријана и многу други.

Она што е предност кај оваа фризура е тоа што може да ја направите многу брзо и лесно и тоа за безброј различни пригоди.

Носете ја во салата за вежбање, на работа, за прошетка, но и за елегантни пригоди со интересно и шик фустанче.

