Фризури кои ќе ве направат послаби во лицето

3 март 2014

Дали ви се случило да ги гледате своите стари фотографии, на кои сте имале поинаква фризура и ви се чини дека сте изгледале подобро и послабо? Еден од причините можеби е и вашата фризура. Иако веројатно несвесно, тогаш можеби сте имале таква што сосема му соодветствува на вашиот лик.

Ако имате некој килограм повеќе, или округло лице, еве неколку предлози за тоа како со помош на косата визуелно да ги издолжите лицето. Одберете го она што ви се допаѓа, е најпрактично за вашата должина и квалитет на коса.

Долга брановидна коса

frizura mrsavije01

Ако сакате лицето да ви изгледа подолго и послабо, долгата коса е добар избор. Немојте да се шишате над рамениците, ако е возможно оставете ја косата подолга од тоа, но нека биде природно брановида и зачешлана на страна. Благо брановидната и опуштена коса ќе ви го даде саканиот волумен на косата, а со тоа ќе ви го издолжи лицето. Но, имајте на ум дека треба да е брановидна на надвор - од лицето, а не кон лицето.

Асиметрична боб фризура

frizura mrsavije02a

Подолга коса во предниот дел, а пократка позади е исто така одличен избор, особено ако не сакате да чекате косата да ви порасне. Исто така, ова е фризура за оние што имаат рамна коса, а должината во предниот дел мора да биде под брадата неколку сантиметри.

Долги нерамни шишки

frizura mrsavije03

Густите и рамните шишки создаваат впечаток на широко лице. Па, ако сакате да имате шишки, нека бидат долги, истенчени и намерно „исецкани“ на краевите нешто подолго. Можете и малку да ги разделите на средината, така ќе доздадете впечаток на издолжено лице.

Степенасто долга коса

frizura mrsavije04a

Ако имате долга коса и широко лице, заборавете на рамната фризура. Потстрижете се степенасто околу лицето,  на тој начин ќе го издолжите визуелно.

Опавче со опуштена коса

frizura mrsavije05

Ако сакате да носите опавле, тогаш опуштете ги прамените од секоја страна.

Крената фризура

frizura mrsavije06

Високото опавче или пунџа, без опуштени прамени, ќе даде впечаток на издолженост на лицето, особено на челото.

Светли прамени

frizura mrsavije08

Светлата коса го свртува вниманието и тоа во вертикална насока. Важно е прамените да бидат површински од врвот на главата, а косата под нив да биде со потемна нијанса. Исто така, прамените мора да бидат во природни бои, а не розови на пример...

Фризури кои не доаѓаат предвид се боб фризура со должина до брадата, кратка коса, рамни шишки и рамна долга коса.

frizura mrsavije14

Ако имате срцевиден облик на лице, тогаш избегнувајте го патецот на средина, иако тој кај некои други облици на лице создава впечаток на издолженост. Ако имате пак округло лице, добро ќе ви прилега патец на една страна.

frizura mrsavije15

Објавено:
3 март 2014
Категорија: 
Убавина