HALLOWEEN и LUSH повторно заедно: Интересни производи за страшно добро уживање

21 октомври 2020

Можеби го испративме летото, лесната облека и плажите, но и есента доаѓа со многу релаксирачки активности и време посветено само на себе.

Заедно со кул џемперите, меките ќебенца и топлото чоколадо, доаѓа и новата лимитирана колекција на Halloween производи од LUSH.

Оваа празнична колекција ви нуди многу интересни производи за страшно добро уживање.

Сите LUSH производи се рачно правени од кои многу се без конзерванси, и се 100% вегетаријански и 80% вегански.

Ова се некои од фаворитите:

BAT ART-Шумлива купка со свеж мирис на билки кој ќе остане на вашата кожа долго време. Мирисот на рузмарин и жалфија ве опушта и ќе ја прочисти вашата енергија.

 

lord of misrule

LORD OF MISRULE-Шумлива купка

Ставете ја во полна када и гледајте како магично вашите мисли се смируваат. Ќе уживате долго во свежа зелена боја измешана со бојата на виното за вистинско романтично искуство. Содржи богата хербална мешавина од масла од пачули и црвен бибер и е совршена за почеток на есента.

 

monsters ball

MONSTERS’ BALL-Наполнете ја кадата и пуштете го ова розево чудовиште. Надворешниот слој на овој сладок киклоп создава вители од розева пена. Под таа невина обвивка почнуваат да се одвиткуваат бранови од пурпурно сини води со мирис на зелен лимон и нероли. 

 

punkin pumpkin

PUNKIN PUMPKIN-Шумлива купка полна со со разведрувачки цитрусни масла. Кога ќе се растопи, тиквата во прав ќе ја омекне и опушти кожата.

Чувајте ја на ладно и суво место за маслата од цимет, портокал и зелен лимон да останат интензивни подолг временски период.

 

bewitched

BEWITCHED-Тука е и пенливото маченце кое ќе ви донесе само среќа и мнооогу пена во вашата када со прекрасен мирис на свежи капини. Забавувајте се во бањата со оваа купка што ќе додаде малку сјај во студените ноќи!

Искршете ја на ситни парчиња под силен млаз вода за да ја видите магијата!

 

ghost in the dark

GHOST IN THE DARK- Овој дух свети во темница! Освен тоа е совршен за вашата кожа бидејќи е полн со фер тргуван органски какао путер кој ве остава со свиленкасто чувство.

За уште посвиленкасто чувство тука е BOO-Слајм за туширање.

boo

Содржи мелени кокосови лушпи кои ги отстрануваат мртвите клетки од вашата кожа додека маслото од пачули и ванила даваат прекрасен мирис и делуваат омекнувачки.

 

VERY VERY FRIGHTENING- Гел за туширање кој содржи бадемово масло, масло од бергамот и свеж сок од лимон и смоква. Исто така и: богатата со антиоксиданти инфузија од шафран и смирувачкиот регенеративен екстракт од хлебните плевелот ја одржуваат кожата страшно мека. Грабнете го вашето шише пред да исчезне од нашите полици.

very very frightening

За сите оние кои сакаат да ги изненадат своите најсакани, го имаме совршениот подарок! THEY ONLY COME OUT AT NIGHT!

the only come out at night
За прв пат ги спакувавме нашите производи во ранец кој ќе може да си го користите уште долго и плус е направен од 100% органски памук. Во овој подарок ќе најдете: 2 шумливи купки за во када: BAT ART и  MONSTERS’ BALL.  Ја додадовме и пенливата купка BEWITCHED и најстрашниот гел за туширање VERY VERY FRIGHTENING.

toffee apple

И најважното за крај. Ако сакате меки усни и слатки бакнежи тогаш TOFFEE APPLE пилингот за усни ќе ве воодушеви. Многу зелени јаболки и црвена карамела за свежи и сочни усни.

Објавено:
21 октомври 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
344 пати