Адел е последната во низата познати кои се одлучиле да се испробаат во козметичката индустрија.
Ријана, Аријана Гранде, Селена Гомез, Џенифер Лопез, Лејди Гага се само неколку од дамите кои веќе имаат свои козметички линии.
Фановите на популарната пејачка се воодушевени од најавата на Адел и со нетрпение го очекуваат моментот кога ќе можат да поседуваат производ од нејзината линија.
Уште откако стапна на сцената Адел остави впечаток со својот холивудски шарм.
Покрај маестралниот глас, таа е препознатлива и по начинот на шминкање, впечатливи очи, нагласени усни и совршено контурирани црти на лицето.
Засега не е позната датата кога ќе биде претставена козметичката линија, но на Инстаграм веќе е креиран профил што го носи името The Shelbourne Collective, како што ѝ ќе се нарекува брендот.
Според најавите колекцијата на Адел ќе вклучува креони, кармини, широка палета на сенки, лосиони за тело и парфеми, но сепак фокусот ќе биде ставен на make-up производи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram