Интервју Линда Евангелиста: Убавината не е физичка, таа доаѓа од внатре!

21 октомври 2014

Препознатливото лице на Линда Евангелиста досега ги има красено насловните страни на голем број светски познати списанија и е еден од ретките модели кои ја имаат таа чест и задоволство да се пофалат со 30 – годишна кариера во рамките на модната индустрија. Епитетот супер модел неа вистински и прилега. Дури и денес е дел од бројни кампањи, па така не треба да не чуди фактот што модниот двоец Долче и Габана, ја избра за свое заштитно лице во својата нова колекција за декоративна козметика. Во своето најново интервју, манекенката открива детали за својот ангажман со популарниот моден бренд и дава неколку одлични совети за тоа како да и го продолжите животот на својата убавина.

Постои ли некоја посебна причина зошто одлучивте да бидете дел од оваа кампања на Долче и Габана?

Момците ги познавам уште кога имаа осумнаесет години и имам голема доверба во нив и она што го работат. Се сеќавам како ми велеа: „Мораш да направиш шоу“, бидејќи знаеја дека имам визија за секое мое појавување на писта. Тие се единствени, верни на себе и навистина ги сакаат жените. Искрено, не верувам дека дизајнерите вистински ги почитуваат и сакаат баш поради тој факт. Како зависник од козметика, уште пред неколку месеци ми ги пуштија производите и бев навистина пријатно изненадена. Толку ми се допаднаа, што сè уште ги користам. Убаво е кога некој бара од тебе да го поддржиш новиот производ, а уште поубаво е ако истиот ти одговара, бидејќи понекогаш може да се случи обратниот ефект и тоа е навистина деликатно.

Како изгледа вашата дневна рутина?

Работниот ден ми почнува со тоа што морам да ги однесам децата во училиште. Кога ја обавувам оваа толку слатка обврска не се шминкам многу, сакам таа да остане минимална и едноставна. Ми се допаѓаат мултифункционалните производи, ама еве да кажеме дека кремата на Боби Браун ме разочара. Испробав неколку производи од неа и ниту една не ги задоволи моите потреби. Навистина жалам поради тоа, бидејќи сепак станува за мошне етаблиран шминкер во модата. Мојот омилен козметички производ е пудрата за лице на Долче и Габана, поради тоа што е збогатена со заштитен фактор од сонце и по нанесувањето лицето изгледа навистина природно. Од неа не се откажувам и во зимскиот период.

Што се крие во вашиот несесер за шминки?

Нема многу работи. Неколку сенки за очи во неутрални нијанси и моливи за веѓи. И секако маскара. Немам навистина никаков проблем да излезам од дома без шминка. Користам и руменило, ги обожавам нежните розови нијанси. Моите омилени моливи за усни се оние од линијата на Кевин Акоин. Нив ги користам веќе години наназад. Секако дека во свечени прилики поинаку изгледам и се средувам.

Сте имале прилика да соработувате со великаните на козметичката индустрија. На кои трикови Ве научија?

Од сите сум научила по нешто. Франсоа NARS, на пример ме научи како да си ги средувам веѓите, Лаура Мерсер, како правилно да нанесувам подлога на моето лице, Пет Мекграт ме научи како совршено да нанесам руж, а тој да изгледа природно. Кевин Акоин ми кажа како правилно да ги истакнам моите усни, а Стефан Марас како правилно да се нашминкам за да го постигнам ефектот на smokey – eyes.

Како Вие ја дефинирате убавината?

Убавината не е во тоа како некој изгледа или не, дали е нашминкан или не. Убавината не е физичка, таа доаѓа од внатре.

Дали и колку се промени козметичката индустрија од кога почнавте да работите како модел?

Со доаѓањето на технологијата многу нешта се променија и тоа темелно. Денес е се подостапно и она што мене ми е исклучително многу важно е што козметичките производи не се тестираат на животните.

Имате некои лоши козметички навики?

Да, ги сечев кутикулите околу ноктите, редовно. Кога бев млада, отидов во Њујорк и таму бев на маникир и педикир и таму ми ги исекоа кутикулите. Не знаев дека тоа не треба да се практикува. Затоа, од тогаш не правам ништо на своја рака. Му се јавувам на мојот козметичар и така го решавам тој проблем.

Која е вашата инспирација во однос на убавината?

Можеби ќе звучи апсурдно, но тоа е Стивен Мејсел, кој ги обожава жените и знае на кој начин да го извлече најдоброто од нив и тоа да го „улови“ со фотографски кадар. Секогаш би сликала со него. Од него научив толку многу и тој е еден од ретките луѓе кој си ја цени својата професија, но и модната индустрија во целост.

 

 

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Убавина