Како да ги заштитите ноктите од лупење?

3 јануари 2015

Еден од најчестите проблеми на денешницата кај девојките и жените е дефинитивно оној со неквалитетот на ноктите што настанува од многу различни причини. Во текот на зимата, речиси секогаш, проблемите со ноктите се интензивираат, а особено проблемот со лупењето на слоевите.

Иако ви се чини дека вашите нокти никогаш нема да бидат убави и цврсти, постојат неколку правила до кои мора да се придржувате за да ги зајакнете. На почетокот на новата година, целосно посветете им се на оние работи за кои досега немавте време...

Витамини

Ноктите најчесто почнуваат да се оштетуваат поради недостаток на витамини, па многу е важно почесто да внесувате витамин Б и многу овошје и зеленчук. На почетокот на годината, посветете си малку повеќе време на себе и набавете витамини во различни пакувања!

Заштитете ги рацете

Девојките и жените со проблематични нокти би требало да избегнуваат допир со интензивни хемикалии и што е можно помалку време да поминуваат во вода. Избегнувајте ги долгите часови поминати со купка во бањата, а кога миете чинии задолжително ставете заштитни ракавици.

Консумирајте многу вода

Промената на годишните времиња и температурите многу влијаат на изгледот на кожата, косата и секако ноктите. Пијте многу вода за телото постојано да ви биде хидратизирано, а ноктите да не бидат суви.

Намалете ја употребата на лакови и маникири

Ако сакате да го решите проблемот со ноктите, обидете се малку да ги одморите ноктите од постојаното лакирање и маникир. Доколку не можете да се откажете од лаковите по ниту една цена, гледајте тоа да бидат заштитни лакови и истите купувајте ги во аптека.

Избегнувајте отстранувач на лак

Отстранувачот на лакови знае многу да ги исуши и да ги оштети ноктите. Обидете се да си набавите некој по препорака и истиот да биде нежен и посуптилен.

Откажете се од навиката на лупење и грицкање на ноктите

Кога ќе видите дека ноктите ви се лупат, не ги отстранувајте слоевите сама. Токму во тоа лежи и голем дел од проблемот. Секогаш кога го правите тоа, оштетувате нов слој од ноктот и оневозможувате истиот нормално да зарасне.

Објавено:
3 јануари 2015
Категорија: 
Убавина