Како да го забрзате метаболизмот со помош на цимет и мед?

20 мај 2016

Циметот и медот се две намирници кои секојдневно се користат во кујната, а притоа се многу вкусни во секоја комбинација. Токму со овие две намирници, на многу лесен и брз начин можете да го забрзате метаболизмот и да се чувствувате многу полесно. Не очекувајте тие преку ноќ да ви дадат резултати, но со редовна примена во исхраната, многу набрзо ќе ги забележите сите резултати.

Медот содржи мноштво ензими, антиоксиданси и хранливи состојки кои се неопходни за нашето здравје, додека циметот најмногу е познат како една од главните состојки на омилените десерти, но има и многу поголема и поважна примена од таа.

Научно е докажано дека истиот го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот и го регулира шеќерот. Секогаш кога имате можност, купувајте го во продавниците за здрава исхрана или пак на местата каде знаете дека е свеж и природен.

Одвојте малку време и направете го овој вкусен напиток кој во себе има неверојатни хранливи состојки!

-Во еден длабок сад ставете половина лажичка цимет во прав и прелијте го со една мала шолја врела вода и оставете да се олади неколку минути. По некое време, додајте и една лажичка мед и добро измешајте.

-Начин на консумирање:

Наутро: Кога ќе се разбудите наутро, испијте го напитокот па после половина час, можете да почнете со дневната рутина. Истиот ќе ви помогне при варењето на храната, ќе го забрза метаболизмот и ќе ви даде дополнителна енергија.

Помеѓу оброк: Ако сакате да ги намалите килограмите, пожелно е да го консумирате овој напиток помеѓу оброците, бидејќи тогаш најчесто посегаме по непотребни „грицки“ или слатки. Циметот ќе ви го намали апетитот и ќе го регулира нивото на шеќер во крвта, така што полесно ќе издржите до следниот оброк.

Пред тренинг: Ако ви недостасува енергија за ефективен тренинг, пробајте пред тренингот да земете една лажичка цимет со мед, бидејќи покрај тоа што ќе ви даде енергија, метаболизмот дополнително ќе се забрза по тренингот. Би било супер доколку можете после тренингот да не јадете барем половина час, бидејќи тогаш калориите најбрзо се трошат, а телото не мора да троши енергија на варење на храната.

Пред спиење: Иако е пожелно да вечерате што порано, многу од нас посегнуваат по разни производи во доцните ноќни часови, што дефинитивно нема да помогне во забрзување на метаболизмот, ниту пак во губење на килограмите. Токму овој напиток го решава и тој проблем. Ќе ви помогне да се заситите и да не посегнете по слатки, а циметот ќе му помогне на организмот да се „обнови“ преку ноќта, а секако вие полесно ќе заспиете.

Извор: Journal.hr

Објавено:
20 мај 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.944 пати