Првата асоцијација со карминот е црвената боја, која многу жени ја обожаваат, што не е чудно бидејќи изгледа моќно и на секоја облека и дава белег на гламур. Тоа е класика и симбол за убавина што го одзема здивот, без разлика дали се работи за мат или сјајни, појаки или помеки тонови, компактна структура или течна. А секоја дама која знае како да го носи се трансформира во дива која зрачи со сексапил.
Црвениот кармин е несомнено клучен елемент во секоја колекција на шминки, со кој можете да постигнете впечатлив ефект за кратко време. Секогаш присутен на модните писти, црвениот кармин со задоволство го носат многу познати дами кои најдобро ја демонстрираат неговата моќ. Може да го користат сите жени, без разлика на тонот на кожата.
Како да ја пронајдете вистинската нијанса на црвена боја?
Има стотици различни нијанси на црвени кармини, а наоѓањето на најдобрата за вас може да изгледа застрашувачки, но клучот е да ги разберете нијансите на вашата кожа. Постојат неколку трикови за да го решите ова. Кога станува збор за нијансите на кармин, секогаш е вашно прво да ја проверите вашата природна бојата на усните во огледалото. Ако бојата на усните ви е близу до малина, тонот на вашата кожа веројатно ќе биде сина или ладна. Ако вашата природна боја на усните е кафеава или темно црвена, вашиот подтон најверојатно ќе биде жолт или топол.
За повеќе инспирација, погледнете ја галеријата со фотографии и осмелете се да го нанесете вашиот омилен црвен кармин уште денес.
Фото: Pinterest