Како да одберете идеален летен парфем?

31 јули 2014

Иако се работи за непишани правила, сепак потребен е квалитетен избор на парфем за летната сезона кој нема да ве гуши со својата јака и блага нота. Тешките ориентални парфеми се базирани на ванила, мошус, тамјан, килибар, сандаловина и други раскошни ноти кои се одлични за ладната сезона, предизвикувајќи чувство на топлина која недостасува, но сепак не се идеални за температура над 30 степени.

Тогаш, како да го одберете вистинскиот летен парфем кој нема да изветрее за дваесетина минути или пак да има пренагласена нота? Доколку сте љубител на ванилата може сепак да пронајдете мирис кој ќе ја пригуши оваа нота во поинаква парфемска композиција . Пред купување на парфемот, важно е да го испробате на вашата кожа бидејќи на тој начин ќе ја проверите и неговата трајност. Eau de parfume (EdP) тоалетните води обично имаат полесна нота, па доколку можете да најдете пандан на вашиот омилен парфем, тогаш тоа е идеално решение.

Во групата на освежителни мириси спаѓаат оние кои се на цитрусна база како што се мандарината, лимонот или бергамот, кои во комбинација со зелени ноти, мирисаат елегантно како што се O de Lancome i O d’ Azur и  L’Occitane Verbena Sorbet.  Романтичарките сигурно би сакале парфеми на база на цвеќе или пак кокос како Estée Lauder Bronze Goddess, а дамите кои сакаат овошни ноти сигурно би биле импресионирани од Island Kiss и Born in Paradise од Escada или Omnia Coral од Bvlgari.

Објавено:
31 јули 2014
Категорија: 
Убавина