Сигурно на секој од нас му се случило да види жена несоодветно нашминката и да ја прокоментира. Но, можеби и вие некаде грешите но не знаете. Во одредено време од животот мора да размислите за вашата шминка и да го смените начинот на негување. Ако сакате да изгледате одлично, вашиот тон на шминкање, текстура и техники мора да се сменат, како што се менува стилот и кожата. За сите вие што сте во 30-тите, 40-тите и 50-тите години од животот, во продолжение прочитајте каде грешите со шминката:
Во 30-тите:
Пудра: Ова се години кога помалку е повеќе, бидејќи знате точно што правите. Пудрата може некогаш да создаде прекрасна кашмирска подлога, но може и да ја исуши кожата и тоа мошне видливо. Така, наместо да ставате пудра на целото лице, со четка нанесете пудра преку Т-зоната.
Светкави сенки: Наместо да ставате светки на очите, истакнете ги очите со сенки со сјај, или мрсни сенки. Совет: Користете крем сенки или моливи за очи со внатрешните агли на очите за да ги истакнете. Како старееме, така очите ни се намалуваат и собираат, па ова е одличен начин за да ги „отворите“ и зголемите повторно.
Подлога: Како стареете, така обврнувајте се' повеќе внимание на текстурата на вашата шминка. Во 30-тите не ја избегнувајте основата или подлогата пред да почнете со останатата шминка. Но, не ја користете тешката, туку искористете ги најновите ВВ- кремови, што се многу полесни на кожата и ја оставаат да дишат, а ефектот е мазна, негувана и кожа што не свети. Уште нешто на што треба да внимавате е нијансата. Нема оправдување за лоша нијанса на кожа на било која возраст.
Руменило: Не користете премногу руменило, за да не изгледате како кукла. Пренагласеното руменило ќе направи да изгледате евтино.
Сјај за усни: Практично и чесно за нанесување, а исто времено шик и доволно сериозно. Сјајот за усни е одличен премин за периодот кога од девојка станувате жена.
Во 40-тите:
Погледнете ги славните личности на ваша возраст и копирајте ги, советуваат познатите шминкери.
Кармин за усни: Нека бидат мат нијанси и богати бои, затоа што бледите ќе ви додадат неколку години. За поголем волумен и полност, користете и молив во нијанса на бојата на вашите усни.
Течен туш за очи: Оваа опција не е најсреќната затоа што брзо се суши и знае да изгледа тешко. Подобар избор е гел-формата, која дава впечатлив изглед, но сепак помек за разлика од течниот туш.
Пудра: Користете таква што воедно ќе биде и подлога и пудра. На тој начин нема да го оптоварите лицето, а ќе добиете мат ефект.
Бронзер: Ова не е добар производ за вас. Наместо бронзер, одлучете се за некоја нијанса блиска до вашиот тен на кожата. Крем-руменилата се одличен начин да го постигнете ефектот. Во секој случај, користењето на руменило е задолжително, бидејќи во спротивно можете да изгледате премногу бледо. Но, истовремено внимавајте да не претерате со силните бои, па да изгледате смешно. Изразено розовата (фуксија) едноставно би бил катастрофален избор.
Сјај: Премногу светкава шминка може уште повеќе да ги нагласи вашите бори, па светките користете ги само кога се лаковите за нокти во прашање.
Сенки за очи: Не морате да ги користите само оние во прав. Сенките со кремаста текстура се исто така добар избор, ако не и подобар, бидејќи ќе го осветли вашето око. Но, внимавајте на количестото. Премногу сенка може да се пренесе и на трепките и да се добие „тежок“ изглед.
Во 50-тите:
Се' се сведува на славење и истакнување на природната убавина.
Црни очи: Црниот молив или маскара избегнувајте ги во ова животно доба. Наместо црна, користете на пример маскара во кафена нијанса или молив за очи, ќе добиете поприроден и мек изглед.
Светли сенки за очи: Заборавете на сенките во светли нијанси и сјај, туку насочете се кон класичниот изглед и мат тоновите.
Пудра: Заборавете на пудрата, туку користете долготрајни мат креми, што најчесто се користат како подлога. На тој начин ќе ја задржите свежината на лицето и нема да го оптоварите.
Црн туш: За да не ги ставате очите во црна рамка, наместо црн, користете туш во топло сива или темнокафена боја.
Кармини во кафени тонови: Не, тоа не е добар избор, особено ако имате светол тен. Кај дел од нас, усните со текот на годините стануваат потенки, затоа е подобро да користите некои црвенкасти нијанси. Од друга страна, ако имате полни усни, тогаш добар избор се светлите, природни нијанси на сјај или кармин.