Кендал Џенер е новиот глобален амбасадор за L’Oréal Paris
•
19 јули 2023
Кендал Џенер додава уште еден козметички бренд во своето богато портфолио.
L'Oréal Paris ја одбра токму неа за нов глобален амбасадор, а 27 годишната Џенер не можеше да ја скрие својата среќа за претстојната соработка.
Супермоделот, од септември ќе биде заштитно лице на кампањите за декоративна козметика на брендот.
Од компанијата велат дека Кендал е совршен избор од причина што таа е етаблирана модна икона, познато медиумско лице и сè она што претставува генерацијата Z.
Нејзината обврска како глобален амбасадор ќе биде и да се поврзува со младата публика која што се огледува на неа.
Како што вели и самата Кендал, таа е долгогодишен фан на производите од L'Oréal особено на шапоните и течната пудра.
Фото: Instagram