Кендал Џенер за Есте Лаудер...

12 декември 2014

Новата ИТ девојка Кендал Џенер неодамна потпиша милионски договор со козметичката компанија Есте Лаудер како нивно ново заштитно лице. За многу краток период таа стана една од најбараните манекенки на денешницата со постојани ангажмани на ревии и снимања за светски брендови. Дека таа е ултра популарна девојка, покажуваат и нејзините 15 милиони следбеници на Инстаграм и огромниот број обожаватели ширум светот. Во продолжение, погледнете го ексклузивното мини – интервју што прекрасната амбасадорка на брендот Џоан Смолс и го направи на Кендал Џенер.

Џоан Смолс: Се сеќаваш ли на нашата прва средба?

Кендал Џенер: Само знам дека беше во бекстејџ на едно модно шоу.

Џоан Смолс: Таму носевме ист фустан...

Кендал Џенер: И ти беше пред мене!

Џоан Смолс: Беше ли нервозна?

Кендал Џенер: И претходно бев дел од шоу на Марк Џејкобс и не бев многу нервозна, туку повеќе бев возбудена. Многу повеќе бев нервозна кога пристигнав во Париз за моето прво модно шоу на потпетици покрај кои носев и долга тоалета од која многу ми беше страв да не се сопнам...

Џоан Смолс: Како се чувствуваш како дел од семејството на Есте Лаудер?

Кендал Џенер: Се чувствувам прекрасно, тоа е толку голема чест! Самото тоа да си дел од престижен козметички бренд како Есте Лаудер е нешто феноменално.

Џоан Смолс: Кои се твоите омилени производи од брендот?

Кендал Џенер: Отсекогаш бев огромен обожавател на нивниот коректор. Јас буквално пораснав со Есте, мојата мајка отсекогаш ги користеше нивните производи. Се сеќавам на оние ретро кутивчиња за кармин со златен огледало ефект. Есте Лаудер отсекогаш беше нашиот семеен бренд, па речиси е неверојатно денеска да бидам нивното заштитно лице.

Џоан Смолс: Истакнување на очите или усните?

Кендал Џенер: Очите! Обожавам добро нашминкани очи со многу маскара!

Џоан Смолс: Која е твојата икона на убавината?

Кендал Џенер: Анџелина Џоли. Таа е неверојатно убава. Истото е случај и со Роси Хантингтон, и со прекрасната Ријана. Таа едноставно никогаш не греши!

Џоан Смолс: Кое е местото каде си среќна?

Кендал Џенер: Секаде каде што сум опкружена со моето семејство. Можеби звучи едноставно, но тогаш сум најсреќна. И секако – на грчкиот остров Санторини!

Џоан Смолс: Ако можеш да промениш барем една работа кај тебе, што би било тоа?

Кендал Џенер: Посакувам понекогаш помалку да ги контролирам работите, знам дека тоа ќе биде подобро...

Објавено:
12 декември 2014
Категорија: 
Убавина