Клиник: 100% задоволство за вашата кожа

18 ноември 2014

Во далечната 1967 година, американското издание на престижниот Вог, објавува напис насловен „ Може ли префектната кожа да сè создаде?“ , а одговорот во позитивната конотација,  аргументирано го дополнува дерматолошки и козметички експерт од тогаш новосоздадената козметичката линија Клиник. Нормативите по кои се движи единствената медицинска линија за нега на лице, создадена во 60-тите,  до ден денес ги потврдува своите строго проверени лабораториски тестирања од производите, кои на кожата и пружат неповторливо искуство.

Првата асоцијација за луксузниот козметички бренд  Клиник,  е врвниот квалитет, потврден не само од произведувачите, туку и од верните консументи. Секој што на својата кожа и овозможил козметичко задоволство од конкретната линија, безрезервно го потврдува беспрекорниот ефект на лицето. Токму за предноста, правилниот начин на селекција и апликација, како и професионалноста во однос на понудата, Глорија Мапилеле Тодоровиќ, која е ексклузивен едукатор на Клиник за ново на цел Балкан, одржа трениг-предавање во Скопје. Поставената цел беше како  македонските презентери на производите , правилно да ги претстават пред клиентите и пред сè  тие да се запознаат со нивнито благотворно дејствување.

-Убавата кожа на површината е здрава кожа. Затоа Клиник има токму такви производи што ја истакнуваат убавината, а ги елиминираат недостатоците. Доколку кожата ви е правилно негувана, тогаш ќе се уверите од беспрекорниот изглед на вашето лице кога ќе ја нанесете шминката. Козметичката палета на Клиник има низа производи создадени по филозофијата дека мора да бидат алергиски тестирани и се целосно без мирис и најважно, истите ги препорачуваме за секој и за различни типови на кожа. Клиник,  за разлика од сите останати се разликува по тоа што нуди медицинска козметика за нега на лицето за различни возрасти, вели Глорија која се надоврза акцентирајќи го најновиот производ за нега на лице, чија формула се создавала цели 20 години, има 37 светски патенти и петгодишно тестирање.

-Најновиот производ е„ smart serum“ или паметен серум, кој го препорачуваме на секој, а најмногу на жените во зрелата доба кои веќе ги забележале трагите на годините. Тој е единствен, бидејќи тимот на дерматолози ја изработуваа неговата формула цели дваесет години и истиот содржи дури 37 светски патенти. Како што името кажува,  серумот е толку паметен што и дава сè на кожата, а од содржајните суплементи,  таа да го избере само она најпотребното, појаснува таа.

За да ја дополниме вашата љубопитност за специјалниот паметен серум, ве уверуваме дека доживувањето на неговата посебност, стартува уште од моментот кога го нанесувате. Лесната и нежна кашмирна текстура овозможува уникатно чувство и ефект на хидратација, свежина и измазнетост преку целиот ден. Она што е интересно е дека овој специјален серум одговара на сите типови на кожа и детално ги корегира видливите и невидливите оштетувања на лицето.

-Секогаш се трудиме да работиме со клиентите од  комплетен професионален агол и да им го понудиме производот што навистина им е потребен. Важно е со консументите да поразговарате и создадете топол однос  и отворено да им се пристапи на проблемите и потребите од истите. На овој тренинг беше суштествено да научиме кој производ да им го препорачаме на нашите клиентки. Девизата оди во насока дека,  ако вие како понудувачи го сакате производот, тогаш најдобро ќе може да им го презентирате на клиентот, објаснува Глорија.

Покрај серумот, едукативната презентација го опфати и објаснувањето за низа други козметички производи за секојдневна нега и чистење на кожата, како и корективни производи од најновите формули на покривните и лесни пудри.

Проверете ги делотворните дејствија на богатата палета од реномираниот бренд, чиј квалитет и престиж освен долгогодишната традиција од континуитетот, ги потврдуваат и многуте верни клиенти.

Спонзорирана објава

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Убавина