Кои се тајните во исхраната на жените ширум светот?

7 февруари 2014

Доколку до сега не успеавте да дојдете до идеална линија, тогаш вие сте на вистинското место! Веруваме дека досега сте пробале голем број на диети од кои некои успешни, а некои пак не. Ако ви е потребен сосема нов режим на исхрана што би сакале да го испробате, тогаш во продолжение ќе дознаете како се хранат и како ја одржуваат линијата девојките ширум светот.

Умерените Французинки

И покрај тоа што оваа нација консумира многу црвено место, во изминатата деценија бројот на дебели луѓе растеше многу поспоро отколку што тоа беше случај во Америка. Големата разлика лежи во тоа што Французите имаат поинаков поглед кон храната и поинаков поглед пред сѐ кон животот. Малите ритуали во купувањето на намирници и нивната подготовка, претставуваат олицетворение на француската култура всушност. Умерените порции содржани од малку сирење и месо со задолжителни салати и овошје и секако, чаша вино на крајот, се дел од нивното секојдневно мени.

Клучот на успехот: Уживање во храната, но во мали количини!

Огнените Медитеранки

Храната што се консумира на Југот е богата со витамини бидејќи најмногу се базира на свеж зеленчук, зачини и риби. А сето тоа е подготвено со маслиново масло кое е богато со здрави масти и антиоксиданси, а со самата негова употреба тие му помагаат на телото полесно да ги впие витамините и останатите корисни материи од храната. Вака подготвениот оброк лесно се вари и му ја обезбедува на организмот потребната количина на енергија, а килограмите ги држи под контрола. Ручекот е главен и најобилен оброк.

Клучот на успехот: Подготовка на храната на вистински начин.

Спиритуалните Азијатки

Граѓаните на Азија имаат најнизок индекс на телесна маса на светот, веднаш зад Африка. Ова не е случајно бидејќи нивната исхрана се базира во голема мера на билките, без употреби на дитиви и конзерванси. Тие внесуваат голем дел ориз во исхраната, како и риби, овошје, зеленчук и зачини. Голема улога во долговечноста на овие народи имаат и зелениот чај и сојата што често се користи како замена за месо. Медитацијата и постот се битни одлики на будизмот и хиндуизмот, па така и кон оброците се пристапува како ритуали што траат некогаш и по неколку часа. На крајот е неизбежна и шолја зелен чај што помага при варењето на храната и многу е богат со антиоксиданси.

Клучот на успехот: Јадење на оброците полека и во мир.

Гренланд

И покрај тоа што Ескимите се недоволно изложени на сончева светлост, поради малиот број на сончеви денови во годината, никој од нив нема здравствени проблеми. Тајната е во тоа што јадат риба богата со омега 3 масни киселини во големи колични. Рибиното масло е познато по своето антидепресивно дејство. Јадете риба за време на зимата и ќе го победите лошото расположение.

Јапонија

Во исхраната на луѓето од овој остров зеленчукот е на прво место. Не е необично да се сервира супа од зеленчук за доручек, за добар почеток на денот. Вообичаено е да се подготват барем четири видови зеленчук за секој оброк. Така се задоволуваат потребите на организмот за разни хранливи состојки. Зеленчукот може да се свари или пак да се пече – овие начини на подготвување обезбедуваат максимални нутриционистички вредности.

Африка

Во Гамбија, кикириките се значаен дел од оброците. Истите содржат многу здрави состојки во нив како влакна и минерали, меѓу кои најинтересен е цинкот. Во прилично голема мера е застапен и калиумот, фосфорот, магнезиумот, бакарот, манганот и селенот. Содржат и завидни количини на витамин Е и К, но и витамини од групата Б. Практично, ги содржат сите важни состојки, но што е најважно – не содржат холестерол.

Објавено:
7 февруари 2014
Категорија: 
Убавина