Ако мислевте дека Хомер и Марџ се малку чудна двојка, еве ви уште едно партнерство за кое мислевме дека никогаш нема да се случи!
Козметичкиот бренд MAC се спои со Симпсонови и создаде одлична, колоритна лимитирана колекција на шминки што неодоливо потсетуваат на уникатната Марџ.
Истата ќе биде пуштена во продажба од 26 – ти месецов, а за неа веќе има огромна побарувачка од верните фанови на комичната серија која што сите ја обожававме назад низ годините.
Колекцијата е составена од 10 парчиња, а засега се објавени само неколку како „тизер“ за она што може да го очекуваме од нашата омилена Марџ.
Во козметичката линија ќе најдете сенки за очи во неколку бои, почнувајќи од прекрасна розова, па сѐ до темно сина и црна, но и вештачки трепки по кои Марџ беше позната, нежно руменило во розова боја, сјај за усни и уште неколку други производи.
Лимитирана пред – колекција ќе биде пуштена во продажба на 26 – ту Јули, а сите останати, производите ќе можат да си ги купат веќе од 28 – ми Август онлајн и од 4 – ти Септември низ продавниците ширум светот.
Серијата „Симпсонови“ своевремено беше една од најпопуларните цртани серии, но дефинитивно и денеска остана една од најгледаните и најомилените на многумина ширум светот. Од првата епизода во 1989 година, беа создадени повеќе од 550 епизоди, но и еден долгометражен филм во 2007 година што заработи повеќе од 527 милиони долари.