Конечно пристигнаа: 20 нови форми на мачкасти очи само за љубителките на драматичноста!

5 јуни 2014

Знаеме дека трендот на мачкасти очи е еден од омилените кај девојките, па токму поради тоа, денеска ви нудиме 20 нови форми од истиот!

Мачкастите очи секогаш имале нешто посебно во себе – тие се олицетворение на вистинска женска елеганција и сексапил, имаат нешто апсолутно драматично во себе и секогаш можете да ги комбинирате многу лесно со вашиот избор на облека.

Кога говориме за вечерниот избор на шминка во вид на мачкасти очи, имате два избора – нагласена црна сенка или во превод smokey eyes и употреба на туш за тотално графички ефект!

Уште од времето на Клеопатра, мачкастите очи се олицетворение на мистичноста, драматичноста и секако, женственоста! Ултра тенката линија за секси ефект, точната симетрија на линијата со туш на двете очи и точната дебелина на линиите на очните капаци се вистински предизвик за секоја девојка, а веруваме дека многу често ви се случува да настане и по некоја дамка вишок кај очите.

Доколку немате вакви проблеми и веќе сте супер извежбана во создавањето на вистински мачкаст ефект кај очите, ние ви претставуваме нов предизвик за вас кој што се состои од вкупно 20 нови форми на овој тренд.

Фотографиите од писта погледнете ги во продолжение и веќе од вечерва, обидете се да го постигнете истиот ефект како кај моделите – ние веруваме во вас!

Објавено:
5 јуни 2014
Категорија: 
Убавина