Космичка комбинација на мириси и чувства која се наоѓа во средиштето на рачно изработени шишенца

24 август 2023

Спој на уметност и дизајн, занает и емоции, традиција и современост. Ова е само еден од начините да се опише се тоа што Xerjoff го претставува во пребирливите кругови на најголемите познавачи на niche парфемите. А тоа е всушност, само вовед во приказната за тоа како господинот по име Серхио Момо успеал не само да го позиционира Xerjoff на многу конкурентниот глобален пазар, туку и на парфемите кои настануваат под тоа име да им даде незаменлива аура на престиж на дигиталната ера.

Парфемската куќа базирана во Торино денес е синоним за мириси во нивната уметничка форма. Xerjoff означува надминување на олфлакторната димензија и зачекорување во универзумот каде перцепцијата и сензацијата се среќаваат со луксузот.

Секоја приказна за Xerjoff подразбира да се оди подалеку од олфлакторната димензија, кон поширокиот универзум каде се преплетуваат перцепцијата и чувствата. Голема улога во тоа има и фактот дека секое шишенце на Xerjoff парфемите е уметничко дело само за себе.
Скапоцен камен кој крие рафинираност во себе.

Шишенцата се приказна за себе – настанати во лимитирани серии на рачна изработка, со употреба на ретки материјали како што се кварц, бронза и злато, како и деликатно стакло. Токму овој естетски принцип совршено се вклопи во концептот на Belodore парфимеријата каде предизвикува континуирано интересирање од страна на приврзаниците на niche доменот.

Основачот Серхио Момо патувал низ светот од најраното детство благодарение на меѓународната природа на работата на неговиот татко. После завршувањето на школото за уметност и дизајн во Торино, Серхио се преселил во Велика Британија каде остварил соработка со ценети лондонски агенции за дизајн, Сепак, Италија го намамила назад каде продолжил да ја истражува својата несомнено најголема пасија – луксузните парфеми. Така настанала куќата Xerjoff во 2004 година. Во овој подфат голема улога игра и Доминик Салво, која ја заземал позицијата на директор за истражување и развој во Xerjoff.

Никогаш задоволен со тоа да прави едноставни парфеми, Серхио тргнал во креативна авантура која комбинира приказна, изглед, мирис и спомени. Секоја од парфемските колекции рефлектира високи стандарди на квалитет и ексклузивност како и статус на брендот во светот на врвните парфеми. Неуморното истражување е во сржта на брендот, кое е најочигледно во најновата колекција на Xerjoff Kemi Blue. Таа се заснова на спој на алхемијата и холистички, еколошки и етички методи на биодинамичката филозофија.

Секој парфем од колекцијата на Kemi Blue е единствен по тоа што содржи една или повеќе состојки од биодинамичниот развој. Космичките сили се важни состојки за заокружување на колекцијата Xerjoff Kemi Blue и усогласување со астролошкиот календар за произвоство на парфеми. Особено важен датум за колекцијата Kemi Blue е 13 март 2023 година, бидејќи тогаш сите парфеми од изданието ја добија енергијата на сината космичка бура која со себе носи прочистувачка енергија - според календарот на Маите, тоа беше ден за отвореност. Античките Маи биле фасцинирани од временските циклуси и биле одлични набљудувачи на небото, кои го користеле своето знаење од астрономијата и математиката за да направат проценки. Секој од парфемите на Xerjoff од оваа колекција ги носи нивните принципи, верувања и учења.

EMPIRYAN е инспириран од древната космологија која мирисно е претствена преку земјените ноти на масло од киприол и листови тутун, додека во срцето се наоѓаат темјан и кедар. Нежна, но неверојатна основа од ванила и килибар совршено го заокружуваат овој космички мирис.

HOLYSM го позајмува своето име од холистичките верувања дека универзумот и живата природа се испреплетени и дека тие постојат како една целина. Цензуален и препознатлив, горните ноти се жалфија и тимијан кои оживуваат и енергизираат, водејќи кон раскошни нијанси на тутун и кедрово дрво, додека пачули, уд и сандалово дрво ја темелат заводливата основа.

ETHER во грчката митологија значи свеж, чист воздух кој во суштина го дишеле боговите. При првата средба со Ether ќе ве освежат ноти на лимон од брегот Амалфи, бергамот од Калабрија, подготвувајќи се за ароматичното срце од лаванда и жалфија, а на крајот доаѓаат основата од топла сандаловина од Цејлон, мошус и трагови на ванила и карамела.

ASTARAL е небесна навигација која насочува кон она што парфемот го избира во правецот кон магичното откритие. Shamama нота, анасон и розе бибер се најава за срцевината од роза и темјанушка, додека софистицираноста е нагласена со основата на пачули, уд и мов.

 

Belodore Instagram

Belodore Facebook

 

Објавено:
24 август 2023
Категорија: 
Убавина
Тагови: 
парфеми Belodore Xerjoff