Кутија полна со слатки мејкап изненадувања

18 јули 2014

За да бидете средени, дотерани и нашминкани соодветно за секоја ситуација, оваа сезона се погрижи козметичката куќа YSL, Ив Сен Лоран, која на пазарот го лансираше магичното ковчеже полно со слатки козметички задоволства наречено La Vernitheque . Станува збор за нова колекција шминки која е сместена во луксузна црна кутија со проѕирно стакло и во неа се вметнати декоративни производи кои make up артистите од компанијата сметаат дека треба да се најдат во вашиот летен куфер.

Оваа колекција содржи дури 18 различни производи, односно девет нијанси на популарниот кармин за усни La Laque Couture и девет лакови за нокти Rouge Pur Couture Vernis a Levres. Осумнаесетте летни нијанси вклучуваат црвени, розевкасти и портокалови бои на кармини, надополнети со азурни, сини и зелени тонови на лакови за усни.

И покрај тоа што во овој куфер ќе најдете се што може вашето срце може да посака, сепак  одговорните во компанијата решија количините на ваквото уникатно пакување да бидат лимитирани и ќе се продаваат во само 150 примероци по цена од 750 евра.

Дали би сакале да имате една ваква кутија од слатки шминки во вашата колекција?

 

Објавено:
18 јули 2014
Категорија: 
Убавина