Пастелните нијанси на коса се апсолутен хит последниве сезони, но онаа што посебно се издвојува е минт нијансата.
Оваа „ледена“ нијанса доаѓа како контраст на топлите денови, но е и совршен избор за оние што сакаат несекојдневен изглед, но не и премногу интензивен.
Токму затоа нежните зелени нијанси се идеални за такви промени. Некои се одлучуваат целосно да ја сменат бојата на коса, додека пак други ја користат за прамени.
Интересно изгледа, посебно на светли руси нијанси, кога ќе се додаде „прелив“ односно сјај со минт нијанса.
Ако не сте доволно храбри за да користите боја за коса, тогаш земете колор-шампон и експериментирајте.
Доколку преферирате посмел изглед, одлучете се за потемна нијанса или пак комбинација на све пастелни нијанси. Но, ако сте од оние не доволно смели, тогаш одете со посуптилна варијанта, која дури знае да изгледа и елегантно.
Погледнете ги примерите и инспирирајте се: