Лоб - фризура што ќе биде хит есенва!

16 август 2017

Лоб - или всушност долгиот боб (long bob -lob) е фризурата што ќе ја одбележи претстојната есен, ако го слушаме Пинтерест.

Инаку, оваа социјална мрежа честопати ги објавува најпопуларните трендови меѓу нејзините корисници. Овој пат се работи за варијација на боб- фризурата која доминира веќе неколку сезони.

И во што е тајната на старо-новиот изглед?

Освен што се работи за долга варијанта на класичниот боб, тајната е во текстура. Фризурата е едноставна за одржување, а им прилега речиси на сите.

Слоевитоста што го прави специфичен и текстурата се постигнува со прамени во омбре-ефект. Така, во косата се прелеваат многу нијанси што ја прават поразиграна и густа, нешто што многумина ќе ги освои.

Според податоците на „Пинтерест“, преку 80.000 луѓе покажале дека им се допаѓа овој нов тренд и го прогласиле за идеална фризура, што совршено се вклопува во есенската атмосфера.

Што мислите вие?

Објавено:
16 август 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
14.378 пати
Извор: 
elle.rs