Макс Фактор изглед инспириран од Мерилин Монро

23 април 2015

Трендовите за убавина постојано се менуваат, но во историјата има и такви што цврсто ги поминаа сите тестови.

Еден од таквите безвременски изгледи е беспрекорното лице, заводливите трепки и црвените усни на Мерилин Монро. Тие никогаш не излегоа од мода. Во 1935 година господинот Макс Фактор го отвори своето мејк ап студио на Хајленд Булевар во Лос Анџелес трансформирајќи го изгледот на Холивуд засекогаш.

Тој ја претвори убавата Норма Џин во Мерилин Монро, правејќи ја платинеста русокоса и шминкајќи ја со своите Max Factor производи.

Денес, во чест на новата амбасадорка на Max Factor - Мерилин Монро, најдобрата шминкерка во светот и глобален креативен мејк ап артист за Max Factor, го креираше изгледот на Мерилин кај светскиот модел Кендис Сванпул.

Обожувана поради совршената убавина и нејзините незаборавни црвени усни, Мерилин секогаш го надополнувала својот изглед со драматично оформени и волуменозни трепки. Ова е изглед што таа постојано го практикуваше во периодот од 1950-тите до 1960-тите години, но беше најзабележителен во 1955 година во нејзиниот филм ,,The Seven Year Itch". Оваа безвремена убавина евоцира вечен гламур и стил.

Пет Мек Грат препорачува неколку производи за оживување на овој изглед: All Day Flawless пудра за совршена кожа, False Lash Effect маскара за драматични трепки и Colour Elixir кармин во Ruby Tuesday црвена нијанса. Оваа црвена нијанса е истата онаа од Max Factor која во 1940-тите Мерлин ја обожуваше.

Совети од Пет Мек Грат како да го создадете изгледот на Мерлин Монро:

1. Нанесете Facefinity All Day течна пудра со помош на четка за течна пудра, а потоа уште еднаш убаво размачкајте ја низ лицето со помош на врвовите на прстите. Користете помала четка за полесно да ги покриете несовршеностите.

2. Исцртајте тенка линија врз трепките на горниот капак над окото со Excess - долготрајниот молив за очи во црна нијанса. Линијата издолжете ја суптилно кон аголот на окото.

3. За да ги нагласите очите уште повеќе, нанесете ја маскарата False Lash Effect за инстантно да ги разделите трепките и да им создадете волумен.

4. Убаво исцртаните веѓи ќе им дадат уште повпечатлив изглед на очите. За да ги исцртате, користете Eyebrow молив во темно кафена нијанса.

5. За прекрасни и секси усни, најпрво исцртајте ги со Colour Elixir молив за усни во Red Rush нијанса.

6. Нанесете Colour Elixir кармин во Ruby Tuesday нијанса. А за уште повпечатливи усни, нанесете Colour Elixir сјај за блескав и гламурозен ефект.

7. Комплетирајте го својот Мерилин Монро изглед, цртајќи ја познатата бемка, на левиот образ, со моливот за очи во црна нијанса Kohl.

Објавено:
23 април 2015
Категорија: 
Убавина