Преодот од една сезона во друга, секогаш со себе повлекува и желба за некаква промена или освежување на нашиот стил, без разлика на тоа дали станува збор за обновување на нашиот гардеробер со ново парче облека, или пак промена на нашата фризура.
Жешкиот воздух, силните сончеви зраци и солената морска вода ја сушат косата, па потребата да се отсечат неколку сантиметри од краевите се наметнува и самата. Но, кога веќе се одлучуваме да ги земеме ножиците в рака, зошто не би направиле некаква повпечатлива промена со која ќе би го зачиниле нашиот целосен изглед?
Секако, и не е некаква тајна дека честопати идеите за овие промени се инспирирани од славните лица кои неизбежно се појавуваат на нашите екрани.
Овој пат, младата глумица и главната хероина на мега популарната Нетфликс серија „Stranger Things", Мили Боби Браун, која неодамна драстично ја скрати ја својата долга коса, на некој начин, помалку или повеќе, веќе го најави новиот есенски тренд за кој сме видно возбудени.
View this post on Instagram
Новиот тренд за кој станува збор е остар боб, кој покрај тоа што изгледа неодоливо свежо и шик, тој е и неверојатно практичен и лесен стил на фризура за одржување, особено за оние кои се во постојано брзање и немаат време да ја стилизираат својата коса пред излегување, ниту пак да ја чекаат долгата коса да се осуши после миење.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Без разлика на тоа дали ќе се одлучите за светла боја, како што направи Мили Боби Браун, или пак потемни нијанси кои изгледаат исклучително добро за време на постудените есенски и зимски месеци, боб фризурата ќе направи да изгледате одлично.
Во зависност од тоа колку сакате да ја промените фризурата на секојдневна база или пак соодветно на пригодата, бобот можете да го носите опуштено со лелеави и неуредни кадрици, едноставни рамни прамени, патец на средина или на страна, педантно залижан наназад или пак со шишики.
Убавината на оваа фризура е што лесно и едноставно може да се стилизра на повеќе начини со што ќе одговара на разни стилови и прекрасно се вклопува во силни женствени, но и андрогени комбинации.
Па, доколку сте подготвени за „порадикални" промени во вашата фризура и сакате да му дадете шанса на овој престоен есенски тренд, ова се неколку идеи кои можат дополнително да ве мотивираат и инспирираат.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Pinterest