Ѕвездите како Џенифер Лопез или Ким Кардашијан на фотографиите секогаш имаат неверојатно високи и совршени јаболчници и секогаш сјајни, блескави и беспрекорни. Тајната на ваквиот изглед е правилното контурирање на лицето. Нашето лице е комбинација од посветли и потемни делови. Со нанесувањето на светли нијанси му даваме светлост и сјај на нашето лице, додека со потемните нијанси создаваме лажни сенки што му даваат подлабок изглед.
Идејата и самата смисла на контурирањето е да добиеме совршен облик на лицето, истакнати јаболчници, поголеми очи, помал нос итн. За контурирање, секогаш користиме темна и светла нијанса на пудра. Со коректорот во посветла нијанса од вашето лице ги истакнувате сите делови што треба да се истакнат, додека со оној во потемна нијанса, ќе ги сокриете, односно визуелно ќе ги прикриете недостатоците. Контурирањето со коректорот се прави откако на лицето ќе нанесете основна пудра во боја на кожата.
Ова се некои од основните места каде што треба да ненесете од темниот и посветлиот коректор, но секој еден облик на лице, очи, јаболкници и нос бара индивидуален пристап. Секако, ако некој има тесен и долг нос, светлиот коректор нема да го нанесете на врвот за да го издолжите, туку врвот ќе го намалите со темна течна пудра.
Пред да почнете со контурирањето, важно е да знаете неколку правила: секогаш со темната пудра или коректор ги намалувате недостатоците, а со светлите нијанси ги истакнувате одредените делови на лицето што сакате да ги покажете.
Она што секако е важно, е дека треба да знаете дека постојат разлики помеѓу контурирањето секогаш во зависност од приликата.
Доколку сакате истото да го практикувате и преку ден, задолжително внимавајте тоа да не изгледа премногу нападно, а што се однесува до вечерните излегувања, ја имате целата слобода на светот – секако, со особено внимание на крајот да не изгледате како кловн!