Мудри трикови за тоа како да нанесете црвен кармин и тој да трае!

3 октомври 2014

Црвениот кармин е безвременски и класичен избор кој секогаш е во тренд и од сезона во сезона е секогаш актуелен и модерен. Луксузен, елегантен и посакуван од милиони жени во светот. За неговата мистичност и моќ сме пишувале низ нашите креативни содржини. Затоа денес одлучивме да ви направиме селекција на 10-те најдобри црвени кармини, потпишани од светски познатите дизајнерски имиња и три видеа со туторијали кои ви ги откриваат „тајните“ на make - up артистите за тоа како совршено да го нанесете. Прашањето е само дали сте доволно храбри за самоуверено да го носите бидејќи тоа значи дека ќе сјаете под рефлекторите каде и да  се појавите.

Во листата на десетте величествени свое место заслужија црвените кармини на Шанел (Chanel Rouge Allure Luminous Satin Lip Colour), збогатени со светкави пигменти.  Потоа следува производот кој го лансираше позната шминкерка Боби Браун, чија колекција на декоративна козметика го носи нејзиното име. Станува збор за црвениот мат кармин за усни наречен (Bobbi Brown Creamy Matte Lip Color) кој одлично ја нагласува формата на усните.

Џорџо Армани, црвениот кармин (Giorgio Armani Lip Maestro Chinese) е совршен спој меѓу мат текстура и сјај, додека Живанши карминот за усни во црвен тон (Givenchy Le Rouge Carmin) е тотално нежен и претставува мешавина на мат текстури со светкави пигменти за вистински да ги нагласите вашите усни.

Следни во низот се генијалните и секогаш актуелни модели на црвени кармини, дело на МАС (MAC Lipstick shade Ruby Woo) и на Диор (Dior Rouge Dior). Двата кармини за усни во својот состав содржат црвени и портокалови пигменти со додаток на сјајна есенција и се наменети за сите дами кои имаат малку потемен тен, за да постигне контраст на бојата на кожата со карминот.

Кармините на Том Форд (Tom Ford Lip Color) и на Долче и Габана (Dolce & Gabbana Classic Cream Lipstick) пак во својата структура содржат микс на црвени и розови честитки и мек сјај за постигнување на целосно класичен изглед и им одговараат на дамите со светол тен.

Моделите на кармини Ив Сен Лоран (YSL Rouge Pur Couture Golden Lustre) и Есте Лаудер (Estee Lauder Pure Colour), пленат не само со своите луксузни изданија и беспрекорен дизајн, туку и со неверојатната богата црвена боја, која е постигната благодарение на комбинацијата на црвени нијанси со темни пурпурни тонови, збогатени со светкави пигменти.

Листата на кармини ја заклучивме сега уште да ви ги наведеме и петте значајни универзални совети за нанесување на истите. Во видеата ќе видите дека make – up артистите на своите модели им ги откриваат нивните трикови и тајни за тие да изгледаат совршени. Ако сакате и вие да го постигнете истиот ефект тогаш следете ги следниве чекори.

Пред да нанесете кармин убаво исчистете ги вашите усни со тоник и чекајте да се засушат.

Потоа оцртајте ги усните со бел молив колку само да ги нагласите контурите и нивната форма. Не мора да притискате агресивно, линијата секако не треба да биде видлива, туку само да биде во улога на водич за следниот чекор.

Следниот чекор е нанесувањето на црвен молив за усни. Полека следете ја белата линија од претходниот чекор и задебелувајте ја црвената како одите навнатре кон усните. Аглите од усните обојте ги целосно. Потоа доколку сакате но и не морате можете со четка нежно да го разнесете моливот.

Претпоследниот чекор е нанесувањето на црвен кармин. Со четкичка полека нанесувајте го на усните и распоредувајте правилно. На крај од кога ќе се засуши нанесете и сјај за усни.

Последниот совет е индивидуален. За подолго да ви трае нанесениот кармин земете малку бела пудра и потапкајте ги усните. Потоа бидете спремни за заведување.

&list=PL0CyhN6vlOEO2f2AXu1N8454alBKMNYb9

 

Објавено:
3 октомври 2014
Категорија: 
Убавина