Доколку размислувате каква шминка да употребите за новогодишната ноќ, Seventeen се тука за вас, да ви ги разрешат сите дилеми. Секоја жена сака да биде впечатлива, а со декоративната козметика која Seventeen ви ја предлагаат ќе го постигнете токму тоа.
Очите истакнете ги со црно моливче и маскара. Виолетовите нијанси се сега во тренд, па нема да згрешите доколку ставите сенка во токму во таква боја, а од Seventeen предлагаат и темносина седефеста нијанса, со што ќе го постигнете ефектот на smoky eyes.
Кога се усните во прашање, бидете заводливи и одлучете се за кармин во интересна, црвено-бакарна нијанса. Руменилото е неизбежен дел од декоративната козметика на секоја жена, а она во праска нијанса, ќе ви даде помек и потопол изглед.
Ноктите не ги заборавајте ни случајно, а класичната црвена боја е избор со кој нема да згрешите.
Ова е само еден од предлозите на Seventeen за тоа како можете да се нашминкате за новогодишната ноќ. Доколку имате некоја идеја повеќе на ум, или пак ви треба уште нешто да ја усогласите шминката со облеката, Seventeen и тука нема да ве изневерат. Нивната богата палета на производи и бои, лесно достапна во речиси сите дрогерии низ државата, ќе ви помогнат да заблескате и да изгледате како што отсекогаш сте посакувале.