Најдобрата нега на кожа за жени по 40-та

12 ноември 2013

Кожата по 40-та година бара посебна нега, од правилна заштита па се до користење на вистинските производи што ќе ви ги дадат најдобрите резултати.

Заштитете ја својата кожа

Како полека исчезнува колагенот, така и вашата кожа почнува да ја губи способноста за одржување на влажноста, затоа е од голема важност кожата правилно да биде заштитена. Најмногу треба да ги избегнувате штетните и силни сончеви зраци, затоа задолжително пред излегување нанесете заштитна крема со фактор 30 или повеќе. Најдобро би било ако сте пушач, инстантно да се одвикнете, сепак цигарите се најголемите непријатели на вашата кожа. Исто така избегнувајте ја и топлата вода, од која кожата нема да може да ја задржи влажноста како порано. Мијте го лицето со млака вода.

Хидратизијате ја кожата

Како старееме кожата ја губи влажноста, затоа е потребна редовна хидратација. Дури и ако користите ефтини хидратантни креми, ќе ја забележите разликата на кожата доколку сте нанеле барем еден слој. Сепак кога купувате дневна крема гледајте да е квалитетна, цената не секогаш е репер за тоа, затоа посоветувајте се или со дерматолог или козметичар. Кожата се менува во овие години, а препораката од професионалец ќе ви биде добредојдена. Вашиот козметички препарат сепак треба да содржи: колаген, ретинол и антиоксиданти. Исто така, можете да побарате шминка која содржи додатоци како што се витамините А и C.

Објавено:
12 ноември 2013
Категорија: 
Убавина