Најскапите третмани за убавина што ги направиле познатите

25 април 2018

Веројатно знаете дека познатите жени не изгледаат толку добро благодарение на нивните гени, туку како резултат на бројните операции во кои вложуваат огромна сума на пари.

Ѕвездите трошат огромни суми на пари за разни операции за кои патуваат дури на другиот крај на светот кај најдобрите доктори кои се вистински уметници.

Во продолжение погледнете кои се ѕвездите кои одвоиле најголема сума пари за разни третмани кои вклучуваат навистина интересни работи.

Селин Дион, 2,5 милиони долари

Фото: Up.com

Пејачката потрошила 2, 5 милиони долари за во нејзината хотелска соба во Лас Вегас да вградат навлажнувач на воздухот чија функција била да ги држи нејзините гласни жици топли и да спречи сушење на кожата.

Мадона, 99.000 долари

Фото: Celebs Net Worth

Медиумите неодамна пишуваа дека Мадона купила апарат за отстранување на целулитот кој со помош на акустични бранови го третира подрачјето зафатено со целулит. Апаратот бил поставен во нејзиниот дом.

Ријана, 25.000 долари неделно

Фото: Teen Vogue

Сте забележале дека Ријана речиси никогаш не се појавува во јавноста со иста фризура. Наводно, таа одвојувала и по 25.000 долари неделно за фризер кој се грижел само за нејзината коса.

Мила Кунис, 8.900 долари

Фото: In Style

Актерката редовно посетувала третмани со дијаманти и рубини кои темелно ја чистеле нејзината кожа. Со оглед на вредноста на дијамантите, воопшто не е чудно што актерката одвојувала и по 8.900 долари за една посета.

Серена Вилијамс, 6.300 долари

Фото: Time.com

Можеби станува збор за најбизарниот третман на оваа листа. Серена Вилијамс е една од првите кои ја пробале најскапата купка на светот која се состои од илјадници литри изворска вода Евиан.

Џиџи Хадид, 2.500 долари

Фото: Fashionista

Манекенката потрошила 2.500 долари на само еден маникир направен со сребрен лак со по три кристали Сваровски на секој нокт. Со овој маникир можевме да ја видиме на Мет Галата 2016.

Ким Кардашијан, 1.900 долари

Фото: Style Caster

Веројатно и вие сте ги виделе „вампирските“ третмани на Ким Кардашијан. Оваа старлета за истите има потрошено околу 2.000 долари.

Џенифер Лопез, 1.200 долари неделно

Фото: Hollywood Reporter

Оваа музичка дива изгледа подобро од кога и да е на нејзините 48 години. Имено, пејачката трошела 1.200 долари неделно за третмани со постелка која наводно поттикнува на регенрација на кожата.

Викторија Бекам, 635 долари

Фото: Ew.com

Ако мислевте дека третманите на Џенифер Лопез се неверојатни, тогаш сигурно ќе останете вчудоневидени кога ќе дознаете дека Викторија Бекам плаќа 700 долари неделно за третмани со постелка од овца која се увезува од Нов Зеланд.

Кејт Мидлтон, 325 долари

Фото: Evening standard

Војвотката од Кембриџ дефинитивно знае како да се грижи за својата кожа, а младешкиот ефект го постигнува со третмани со отров од пчели кој е хит во Холивуд.

Извор: Elle.hr

Објавено:
25 април 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
347 пати