Шминката умее да направи чуда, особено ако е сето тоа изведено професионално. Таа пред сè треба да ја истакне вашата природна убавина, да даде свежина на вашиот изглед.
Професионалната шминка секако, треба вешто да ги прекрие и евентуалните недостатоци на лицето, доколку некој смета дека ги има.
Во зимскиот исто како и во летниот период пред нанесување на секоја шминка задолжително е да се стави дневен крем со заштитен фактор.
Кога станува збор за декоративна шминка пожелно е да се изберат земјени, неутрални тонови за преку ден, додека за вечерните излегувања слободно нанесете малку повпечатливи бои на очите и усните.
Професионалците советуваат да се практикува правилото less is more, па така за да изгледате што поприродно, карминот со интензивна боја комбинирајте го со нежна сенка.
Другата опција е да ги истакнете очите со смели бои, а при изборот на кармин да употребите неутрални нијанси.
За специјални пригоди, како на пример за новогодишната ноќ можете да експериментирате малку повеќе со шминката. Мал слој на светкава сенка, ќе го истакне празничниот изглед, а истото може да го направите и со карминот.
Она што е најважно е да си се допаднете самите на себе, комотно да ја носите шминката и да запомните дека насмевката е задолжителна.
Фото: Pinterest