„Марсовски“ тенденции за наредната топла сезона, директно од модните писти во Париз.
Неочекувани трендови за убавина беа прикажани на модните писти во Париз овие денови. Не можеме со сигурност да знаеме дали тенденциите за наредната сезона пролет-лето 2014 ќе бидат во целост прифатени, ако го земеме в предвид фактот дека инспирацијата во поглед на шминка и фризура ќе бидат земени од филмовите за марсовците. Она што е сигурно е дека ова мошне смел чекор кој треба допрва да се избори со статусот за најмодерен. Дизајнерите при претставувањето на своите колекции во поглед на шминка и фризура ни понудија вистинска еволуција на видовите од Марс. Додека сме во исчекување на летото еве ви ја галеријата која го дефинира трендот и модата за жешката сезона: