Неодоливи акции, подароци и изненадувања на отворањето на Cosmo Tinex
•
23 април 2016
Ланецот на дрогерии Cosmo што веќе шест години е во функција на негата, убавината и здравјето, на 25 - ти април (понеделник) ќе ја отвори својата нова дрогерија во центарот на Скопје.
Следејќи ги најновите трендови, Cosmo на своите потрошувачи ќе им понуди огромен избор на производи наменети за нега на лице, тело, коса, декоративна, професионална и органска козметика, парфеми од најпознатите светски брендови, книги итн.
Новата дрогерија ќе биде лоцирана во склоп на катната гаража Тодор Александров на ул. Даме Груев во близина на старо Беко.
По повод отворањето, Cosmo подготвува многу неодоливи акции на најпознатите брендови, многу подароци и изненадувања.