Кога немате доволно време да направите соодветна фризура, а денот ви налага да изгледате елегантно, тогаш ниската пунџа е нешто што прво нѝ паѓа напамет.
Станува збор за фризура што се прави за исклучително кратко време, а ќе направи да изгледате елегантно и средено во секоја ситуација.
Ниската пунџа е секогаш прв и сигурен избор што оди со секоја комбинација, а ќе направи да изгледате супер тренди и уникатно.
Оваа фризура можете да ја направите за некoлку минути, а доколку на истата додадете и некоја шнола или пак друг додаток за коса, тогаш имате полн погодок.
Без разлика дали патецот ќе го оставите на средина или пак на страна, пунџата е избор број еден да изгледате елегантно во моментите кога немате доволно време за нешто повеќе.
Девојките веќе долго време ја обожаваат, а истата е дефинитивно класик на кој секогаш му се враќаме.
Инфо и фото: Modamo.info