Нов козметички тренд – омбре сенки

16 март 2017

Од козметичката индустрија, настапува нов тренд – омбре сенки, а „Шанел“ е една од првите куќи што го промовира. Се работи за колекција сенки, насловена „Ombre Première, која содржи дури 24 моно-сенки.

Секоја од нив може да се користи посебно, или да се нанесува слоевито, при што ќе го добиете нијансираниот впечаток.

Изборот на тоновите воопшто не е случаен, бидејќи можете да ги мешате и да ги спојувате во зависност од вашите потреби. Од пудрести нијаси, преку изразено виолетови, до металик сребрени, може да се експериментира.

Заштитно лице на колекцијата е Кристен Стјуарт, која порачува дека жените треба да се слободни да ја користат сенката како сакаат.

Инаку, предлогот на „Шанел“ е оваа сезона сенките да се користат така што ќе се нанесат по една боја преку целиот капак, или да се прави микс за диско или рок ефект.

 

Објавено:
16 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
658 пати