Боб фризурата била секогаш во тренд. Гледајќи децении наназад, на ваков или онаков начин, оваа фризура со своите многубројни и различни верзии, секогаш наоѓала начин да се најде на листата на најпривлечни и најпопуларни фризури.
Едноставноста и практичноста, му дозволува на бобот да биде прифатен од жени со различен стил на облекување и стил на живеење, а особено е омилен кај оние кои го претпочитаат динамичното и брзото секојдневно темпо.
Вообичаено, боб фризурата не бара многу време за стилизирање, брзо и лесно се суши кога е мокра, и одговара речиси на секој тип на коса, па дури и кадрава, тенка, рамна, но и густа.
Оваа сезона, бобот ни се враќа во нова верзија, поточно должина до вилицата (малку пократок од вообичаената должина), а судејќи по социјалните мрежи, можеме да видиме дека станува збор за вистински хит.
Боб фризурата е совршен избор за жешките летни месеци кога не сакаме долгите прамени да го потат нашиот врат, но и за студените зимски денови кога носиме капи и шалови, па сакаме да избегнеме долгата коса да ни се плетка со нив.
Во прилог можете да погледнете неколку примери и да се инспирирате за тоа како да ја потскратите косата оваа сезона.
Фото: Pinterest