Нова колекција на декоративна козметика потпишана од Барбери

17 октомври 2014

Модниот бренд Барбери ја лансираше новата колекција декоративна козметика со која ќе ја нагласите специфичната убавина на вашите очи.

Заштитно лице на кампањата е англискиот модел Суки Ватерхаус, која ги бранеше боите на Барбери производите за шминка и претходната сезона. Во новото црно-бело видео шармантната русокоса одлично ги промовира производите на Барбери кои ги нагласуваат очите. Колекцијата вклучува различни видови на маскари, туш за очи и моливи за веѓи. Дизајнот е мошне луксузен, декориран со металик сјај. Во продолжение погледнете ги фотографиите и видеото.

 

Објавено:
17 октомври 2014
Категорија: 
Убавина