Нови закони за козметичките производи
•
11 јули 2013
Од крајот на оваа недела стапува во сила нов закон кој ќе ги регулира етикетите на козметичките производи. Европската комисија донесе нова Регулатива за козметика според која важи еден нов систем на закони.
Најзначајна и можеби во случајот најрадикална мерка е што секоја етикета на козметичките производи задолжително мора да вклучува одговорно лице во случај на несакaни последици при употребата. Покрај тоа, козметичките компании според оваа Регулатива се задолжени да следат и други построги правила во однос на безбедната употреба на нивните производи.