Одлуки за убавината што мора да ги примените во Новата година!

2 јануари 2014

Често се вели дека за вистинската жена говорат нејзината фризура, чевлите и рацете. Дерматолозите велат дека жените многу често не размислуваат за негата на вратот се додека на него не се појават брчки...

Некои велат дека новогодишните одлуки се само излитени фрази со кои луѓето се лажат себеси, но оваа Нова година да направиме да биде поинаку. Обидете се оваа година да се грижите повеќе за себе и за своето тело, бидејќи истото ќе ви врати на најдобар можен начин. Во продолжение прочитајте ги овие осум одлуки за вашата убавина до кои ние веруваме дека ќе се придржувате.

„Секоја вечер задолжително ќе ја остранувам шминката од лицето“ - Тоа не значи само да го исчистите лицето со марамче за чистење, туку да се погрижите и во порите од лицето да не остане ниту грам нечистотија.

„Ќе нанесувам хидратантна крема на лицето два пати во денот“ - Еднаш кога на лицето ќе ви се појават брчки, многу е тешко истите да ги отстраните. Затоа, многу подобро е истите да ги спречите да се појават, во што ќе ви помогне стандардната хидратантна крема која ќе ви ја направи кожата еластична, мека и свежа.

„Нема повеќе да излегувам на сонце без заштитен фактор“ - Сончањето без крема со заштитен фактор не е само опасно по вашата убавина, туку би можело да биде погубно и за вашето здравје.

„Ќе пронајдам фризура што одлично ми стои“ - Често се вели дека за жената најмногу говорат нејзината фризура, чевлите и нејзините раце. Со убава и средена фризура жената секогаш изгледа средено, па сега е вистинското време да ја пронајдете одличната фризура за вас!

„Повеќе нема да јадам по 19 часот“ - Овој совет не е никаква мудрост, но многу жени не успеваат да го почитуваат. Оваа одлука многу ќе влијае на вашето тело, но и на изгледот на лицето, нивото на енергија и добриот сон.

„Ќе почнам да ги негувам вратот и деколтето“ - Дерматолозите велат дека жените не размислуваат многу за негата на вратот и деколтето се додека не им се појават брчки што подоцна не можат да ги отстранат. Секој ден мачкајте го вратот и деколтето со кремата за лице – за пет години ќе бидете пресреќни што сте ја донеле оваа одлука.

„Ќе вежбам барем три пати неделно по половина час“ - Без разлика на тоа колку години и килограми имате, вежбањето е задолжително за сите! Доколку немате време, или пак не сакате да трошите пари за во фитнес центар, одвојте по половина час три пати неделно и вежбајте дома. Потрудете се и конечно добијте ја фигурата за која отсекогаш сте сонувале.

„Ќе почнам да пијам повеќе вода“ - Убаво тело, забрзан метаболизам, сјајна кожа, здрави ноти, чувство на леснотија – сето ова ќе го добиете со неколку обични чаши вода во текот на денот.

Објавено:
2 јануари 2014
Категорија: 
Убавина