Огледалце, огледалце, дали сум тоа јас?

24 ноември 2014

Колку пати досега,  додека сте стоеле пред огледало сте кажале дека истото ви дава помалку или повеќе килограми? Воопшто не е тајна дека продавниците за облека внимателно ги избираат огледалата во гардеробите и тоа оние  што создаваат лажна прецепција дека изгледате послаби и позгодни.

Додека едни гледаат на тоа како негативност, за други ваквите огледала на некој начин се стимул за тежнеење кон подобар изглед.

Британскиот магазин Мери Клер неодамна објави натпис кој го промовира огледалото на Белинда Јасмин наречено „The Skinny Mirror“. Таа е графички дизајнер и преку создавањето на ваквото огледало сака да и се спротивстави на естетската хирургија, со тоа што луѓето кои ќе се огледуваат ќе бидат задоволни од својот изглед, односно оној што го посакуваат. Огледалото со блага оптичка илузија веќе е актуелно во Европа, но истото е наменето само за домашна употреба.

Според истражувањето спроведено со конкретното огледало, многумина што учествувале во тестот биле дополнително мотивирани да ги купат парчињата облека, што не би било случај кога во истите се гледале во нормално огледало. Неговата функција е да ги емиминира облините, но не премногу,  туку само до 5 килограми на вистински потребните места.

Иако е создадено само за домашна употреба, неговата дизајнерка веќе добива понуди од продавници ширум светот кои го посакуваат во своите гардероби.

Објавено:
24 ноември 2014
Категорија: 
Убавина