Откажувањето од цигарите ќе ве разубави на шест начини

5 јули 2013

Доколку сеуште не сте решиле дали сакате да се откажете од ова „слатко задоволство”, ние ќе ви покажеме што се можете да добиете со водењето на здрав живот.

Поцврста кожа

Цигарите го уништуваат колагенот и еластичноста на кожата и го намалуваат колечеството на естроген, кој е неопходен за зачувување на цврстината на кожата.

Намалување на црвенилото на кожата

Цигарите влијаат на процесите на кожата кои создаваат слободни радикали, ги оштетуваат крвните жили и со тоа предизвикуваат воспаление на кожата. Истото се однесува и на редовните и на пасивните пушачи. Само вистинското откажување од цигарите може да ви помогне во намалување на црвенилото.

Се намалуваат црните кругови околу очите

И ден денес не постои лек за целосно отстранување на подочниците, но едно е сигурно – цигарите само ја влошуваат ситуацијата. Димот од цигарите влијае негативно за кожата околу очите која е нежна, па затоа се верува дека откажувањето од нив, ќе придонесе во намалување на црнилото околу очите.

Почист тен

Цигарите побрзо ќе ве остарат. Исто така борите на лицето ќе ви станат подлабоки , ќе имате неизедначен тен, генерално гледано – безживотна кожа. Во рок од 10 години пушење цигари, ќе бидете дополнително постари за две и пол години.

Бели нокти и заби

Цигарите ги пожолтуваат забите, предизвикуваат лош здив и жолтеникави дамки на ноктите. Сето тоа може да се поправи доколку се откажете од нив.

Поголема самодоверба

Откажувањето од цигарите не само што ќе го поправи вашиот тен, кожата, косата, ноктите, здравјето, туку ќе придонесе за поголема самодоверба. Една студија објавена во „American Journal of Health Behavior“ покажала дека оние девојки кои се пушачи имаат многу полошо мислење за своето тело, за разлика од оние кои не конзумираат цигари.

Објавено:
5 јули 2013
Категорија: 
Убавина