Ова се петте задолжителни трендови кај шминката за оваа есен!

3 септември 2014

Со оглед на тоа што есента e на прагот, покрај есенските трендови за оваа сезона кај облеката за кои веќе пишувавме, сега е време да се подготвиме и во однос на шминката.

Веќе е вистинско време полека да ги спакувате колоритните бои и да се насочите на есенските трендови и посмирени нијанси. Есенските трендови кај шминкањето, како и секоја година, така и оваа, варираат околу оние едноставните линии со по некој силен детал на лицето.

Во продолжение, дознајте кои се најпосакуваните трендови за следната сезона.

#1 „Бамби“ очи

Нагласените трепки и „Бамби“ погледот ќе ги истакне вашите очи во преден план. Можеби до сега тој ефект го постигнувавте со вештачките трепки само во горниот дел, но бидејќи оваа есен природното дефинитивно ќе владее, овој ефект сега постигнете го со вашите трепки. На вашиот поглед дефинитивно никој нема да може да му одолее.

#2 Истакнати веѓи

Дебелите, убаво формирани и остро дефинирани веѓи се задолжителни за оваа сезона. Оваа есен истакнете ги што можете повеќе, секако, секогаш со вкус! Евентуалните недостатоци на истите, пополнете ги слободно со моливче за веѓи во соодветната боја.

#3 Природен омбре на усните

Есента ни носи еден брз и едноставен тренд што можете да го направите многу лесно. Нанесете кармин само на внатрешниот дел од усните и размачкајте го едноставно со усните. Не двоумете се да нанесете потемни бои на кармини, сепак е есен!

#4 Природно контурирање

Контурирањето на лицето како она на Ким Кардашијан, дефинитивно е аут оваа сезона. Сега на сцена настапуваат лесните, природни контури, кои се совршено соединети со кожата. Кремастите пудри за контурирање заменете ги со оние во прав.

#5 Сино моливче

Сино моливче, туш, сенка, маскара... Што и да ставите оваа есен од наведеното, нема да погрешите! Играјте си со сините нијанси на шминката за очи, употребете мат моливче во сина боја, туш со светки или пак едноставна мрсна сенка.

Објавено:
3 септември 2014
Категорија: 
Убавина