Шанел ви препорачуваат, ова лето бидете тренди и блеснете со декоративната колекција La Perle de Chanel.
Нежни и розови образи се она што овој бренд го поставува како тренд, кога е шминката во прашање. Кремастото руменило Le Blush Crème во нијанса на нежна праска и розова нијанса е вистински хит, велат од Шанел, како и студените нијанси на розова.
Но, топлите бои остануваат на образите, бидејќи од брендот препорачуваат студени нијанси за сенки за очи. Ако сакате да бидете сосема во тренд, тогаш одберете си некоја од четирите предложени нијанси и тоа нежна nude нијанса со розов поттон, виолетова, платинесто сива и бисерно бела.
Колекцијата содржи и бисерна моно-сенка со кремаста текстура која може да се носи и самостојно, но и да се комбинира со останатите бои.
За што позаводливи усни, одберете кармин во боја на јагоди. Всушност, палетата на кармини вклучува пет сочни нијанси, од интензивно розова со меден сјај, до корални.
За оние што преферираат сјај за усни, Aqualumiere Gloss во две розови нијанси.