Козметичкиот бренд Seventeen и оваа сезона ги следи трендовите и ќе ви помогне да постигнете сосема нов, заводлив изглед.

Овој пат во фокусот се новите нијанси во боја на бургундец. Веруваме дека секој ќе ги забележи впечатливите црвени усни и топлиот поглед. За сите новитети, погледнете го каталогот на линкот овде.

Во продолжение, тимот на Seventeen ви открива и како да го постигнете овој изглед, што сите ќе ги воодушеви:

Течната пудра Natural Velvet Long Lasting Matte Foundation е она што ви е потребно за идеално мазно лице и висока покривност. Во борбата со подочниците ќе ви помогне течниот коректор Ideal Cover Concealer, а моливот за веѓи Longstay Eye Brow Shaper е вистинскиот избор за убаво дефинирани веѓи, со што вашето лице ќе биде подготвено за следната фаза.

За да постигнете монохромантски изглед во новите нијанси во боја на бургундец на Seventeen,  користете иста нијанса на кармин и руменило. Новиот Matte Lasting Lipstick SPF 15 No. 37 е задолжителниот производ на Seventeen за оваа сезона. Истовремено на вашиот изглед ќе му даде топлина, заводливост и сексапил.

На усните треба да им парира погледот. Направете ефект на зачадени очи со Silky Shadow Pearl. Експертите од Seventeen ве советуваат за полесно постигнување на ефектот да користите тенка четка, особено во долниот дел на окото. Маскарата е задолжителна за нагласување на погледот. За уште повпечатлив, отворен и топол поглед, ставете бело моливче во внатрешноста на окото.

На крајот ставете од новото руменило Pearl Blush Poweder No.9. Сепак, од дома не излегувајте без средени нокти.

Секоја дама што внимава на својот изглед, знае колку е важно да се имаат средени нокти. Токму затоа, Seventeen имаат нова нијанса што одлично ќе се вклопи во севкупниот изглед ѝ одлично ќе им парира на црвените усни. Се работи за New Rapid Dry Lasting Colour No.5 лак за нокти. Брзо се суши и долго трае, што го прави идеален за употреба.

Вака средени ќе блеснете во полн сјај и со стил ќе бидете подготвени за сите предизвици што следат.

Објавено:
4 ноември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.088 пати