PFW: Мултиплициран тренд за природна шминка и фризура

6 март 2014

Светските модни метрополи имаат јасна и гласна порака до сите девојки и жени во однос на трендовите за шминка и фризура. Сега откако заврши и Париската модна недела, анализираме и сублимираме на техниките кои беа применети на презентирањето на колекциите за следната студена сезона есен-зима 2014-15. Нашиот впечаток е дека генерално речиси сите дизајнери, фризери и шминкери се согласија дека негуваниот природен изглед како за шминка така и за коса е задолжителен. Забаравте на многу козметика,боја, разни направи за стилизирање на косата, а се што ќе ви биде потребно во вашата козметичка торбичка за наредната есен-зима е следното: палета од неколку нијанси на коректори, бел и црн молив за очи, алајнер, маскара и евентуално некоја сенка за очи во силна сина или розова нијанса. На се друго слободно може да заборавите. Во однос на косата основно ќе ви биде потребна само четка за фенирање и фигаро за крупни кадрици. Доброто во новите трендови е тоа што прво штедите на време за подготовка, а второ и пари.

 

Независно дали се подготвувате за дневен или вечерен изглед, не двоумете се да останете природни. Верувајте дека така ќе биде најмодерни. Исто како и во Њујорк,  трендот на фризурата со патец на страна независно дали строго залижана или неуредно пуштена, е најактуелната фризура која на писта ја имаа манекенките на: Ентони Вакарело, Карвен, Диор, Хермес, Џон Галијано, Луј Витон, Роланд Мурет,Дрис ван Нотен, Соња Рикел, Зухаир Мурад и уште многу други дизајнери и брендови имаа речиси идентично видување, а мали разлики има само во однос на волуменот.

Aganovich Aganovich

Anthony Vaccarello Anthony Vaccarello

Carven Carven

Dries Van Noten Dries Van Noten

Hermes Hermes

Ако сте љубителки на шишките не двоумете се да ги направите следната есен-зима, нив ви ги предлага Стела Мекартни и Емануел Унгаро чии манекенки имаа коси во различна должина и природна нијанса на боја.

Emanuel Ungaro Emanuel Ungaro

 

Вечната актуелност повторно им се препишува и на плетенките кои во драматични техники ги видовме кај Александар Меквин и Живанши.

Alexander McQueen Alexander McQueen

Givenchy Givenchy

Уште една фризура од која модната фела не се откажува,  е ниско врзаното коњско опавче кое го сретнавме кај Балман, Кензо и Валентино,  кој му додаде ластици по должината, а пак оној на Шанел потсетуваше на индијански, со вметнати парчиња твид во неговата густина.

Balmain Balmain

Chanel Chanel

 

Ниту Французинот Готје не отиде подалеку од милењето на другите, па така и во неговата ревија видовме едноставно високо собрана коса во пунџа која еволуирала и сега изгледа поурбано. Сепак, тој не издржа да не покаже  индивидуалност, па некои од манекенките носеа смела панкерска четка.

Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier

Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier

И интензитетот на  шминкерските техники беше сведен на минимум. Која од ревиите и да ја погледнете ќе забележите дека речиси секоја манекенка има само дискретно корегирано чисто и природно лице, помалку дури и анемично бледо. Скоро сосема се избегна драматичната шминка, а од крупните фотографии во бекстејџ ќе забележите дека шминкерите користат само палета на коректори во разни нијаси, очите дискретно ги нагласуваат со црн молив, а од сенки ги користат само земјените, кралската сина и јаката розова.

Balmain Balmain

Chanel Chanel

 

Познато е дека земјените нијанси го сокриваат уморот, а токму такви свежи и природни со минимална употреба на вакви сенки беа манекенките на Шанел.  Александар Меквин  дополнително додаде и театрални крзнени црни веѓи, а пак Антони Вакарело на очниот капак му даде геометриска форма со неколку прави линии на завршетокот од окото.

Anthony Vaccarello Anthony Vaccarello

 

Кај Ланвин применети беа малку повпечатливо нагласени очи со неуредно размачкана црна сенка на горниот капак. Моделите на Рошас пак,  имаа силно нагласени трепки како на горниот така и на долниот капак од окото.

Rochas Rochas

 

Генерално за шминката нема многу простор за дискусија зашто пред се главниот збор го имаа пудрите во повеќе тонови. Од галеријата во продолжение уверете се во она што го кажавме погоре и охрабрете се до другата сезона да не му пркосите на природното, туку само да го гаите негуваното.

 

Објавено:
6 март 2014
Категорија: 
Убавина