Погледнете ја рекламата за новиот парфем On The Docks на Жан Пол Готје

27 септември 2013

Како што и се очекуваше, новата рекламна кампања на Жан Пол Готје за неговиот парфем On The Docks е исклучително романтична и неверојатна како и секогаш.

Рекламата, што ќе почне да се прикажува по телевизиските канали ширум светот на 3 -ти ноември, ја раскажува приказната за Скот, секси капетан кој патува се до балконот на неговата љубовница, данскиот модел Риан Тен Хакен.

Почнувајќи од 1997 година, со „The Kiss“ (во кој се случи најдолгиот француски бакнеж на историјата на телевизијата), рекламните кампањи за парфемите на Жан Пол Готје секогаш раскажувале заводлива приказна.

On The Docks продолжува да ја слави омилената тема на Готје - средбата на двајца љубовници со помош на неверојатниот саундтрак Casta Diva од Norma на Bellini.

Објавено:
27 септември 2013
Категорија: 
Убавина