Природни лекови против изгореници од сонце!

16 август 2021

Сакајќи да се вратиме од годишниот одмор со што е можно повеќе боја, понекогаш забораваме на правилата што отсекогаш важеле за правилно сончање.

Она што е потребно е нанесување млеко за сончање со висок заштитен фактор и криење од сонцето во периодите кога тоа е најсилно.

Веќе сигурно знаете дека сончевите зраци можат да бидат многу опасни, па доколку имате непријатно искуство со изгореници, а не сте во можност да одите на лекар, ние најдовме неколку природни лекови.

Голема е веројатноста веќе да знаете дека еден од најефикасните и природни начини на лекување на изгорениците е студениот јогурт или кисело млеко што се нанесува онаму каде што сте изгорени.

Откако ќе го нанесете на местото, оставете го да постои 15 – тина минути, па потоа измијте го со млака вода.

Некои од другите состојки што можете да ги набавите брзо и без никаков проблем, се дефинитивно краставиците и компирите.

 

Во народната медицина, компирот постојано се користи за намалување на болките, а се покажал и како одличен за лечење на помали оштетувања на кожата.

Исечете еден компир на крукчиња или иситнете го во блендер, па нанесете го на деловите каде сте изгорени. Краставиците можете да ги користите на ист начин, а уште подобро би било ако истите се малку изладени.

Друг природен начин да се справите со изгорениците е едноставната смеса од сода бикарбона и ладна вода која се нанесува на деловите каде сте изгорени во вид на густа смеса.

 

Оставете ја да делува сѐ додека топлината и болката не се повлечат, а потоа добро измијте ги деловите.

Во моменти кога сте изгорени, обидете се да се туширате со постудена вода и да избегнувате сапуни и други средства за капење.

Она што е задолжително е после секое капење да користите нежни и лесни лосиони и креми за тело што содржат алое вера што дополнително ќе ја нахрани оштетената кожа!

И запомнете, ништо од ова нема да биде потребно доколку ги следите едноставните правила за здраво сончање!

Објавено:
16 август 2021
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
10.497 пати