Pure Color Crystal Baby – колекција шминки потпишани од Есте Лаудер

15 мај 2014

Креативниот тим на компанијата за декоративна козметика Есте Лаудер, својата најнова пролетна колекција специјално ја изработи за да се пласира во рамките на азискиот пазар. Инспирирана од светло розовите нијанси на азиските цветови, колекцијата вклучува, три кармини, три сенки,пудра во прав збогатена со светкави пигменти, лак за нокти во транспарентна боја и сјај за усни.

Светлите розевкасти нијанси ја отсликуваат традицијата и културата на азискиот народ но ја нагласуваат и впечатливата порцеланска кожа на азијките. Колекцијата ќе се пушти во официјална продажба во Азија и САД кон крајот на овој месец.

Објавено:
15 мај 2014
Категорија: 
Убавина