Ревитализирајте и заштите го вашиот најдрагоцен аксесоар од сонцето

4 јуни 2014

Се наоѓаме во период пред прагот на летните одмори, силното сонце и изложеноста на косата под оштетување. Посебно ако сакате долга  коса и сте во фаза на нејзино растење, тогаш сигурно не сакате да ја кратите повеќе од потребното поради оштетеност. Влакното лесно распукува  од сончевите зраци, но и од  солената морска вода. Токму затоа, ние ќе ви понудиме неколку кратки совети како да му помогнете на вашиот драгоцен аксесоар, да го задржите во живот и фаза на растење.

Пред се,  истакнуваме дека е неопходно да го посетите вашиот фризер за да ги скрати оштетените врвови од косата.

Зголемете ја секојдневната хидратација

Секој ден нанесувајте некој серум што има хидративна функција и не треба да се плакне. На сува или мокра коса, нанесете  од средината на косата до врвовите. Со ваквиот третман таа ќе изгледа сјајно и ќе ја минимизирате појавата на расцветани врвови. Ваквите спрејови лесно можете да ги најдете според типот на вашата коса. Плус, сигурно ќе ви се допаѓа нивниот мирис што се задржува и го чувствувате постојано.

Регенерација

На неделна  база, направте длабока регенерација, односно по нанесувањето на шампонот, нанесете производ за регенерација и потхранување,  некоја квалитетна маска за коса која убаво ќе ја нанесите. Никогаш не се штедите за овој тип на производ, зашто навистина помага доколку го откриете вистинскиот за вас. Потоа,  замотајте ја косата во крпа и држете ја така до  15 минути . Ваквиот третман длабински го потхранува влакното и го подобрува квалитетот на косата

 

Производи за зголемување на сјајот на косата

Процесот на ревитализација на косата не значи дека треба да заборавите на правењето фризури. Токму затоа неопходно е да користите производи кои практикува да ги става вашиот фризер. Сега има препарати кои го заштитуваат влакното дури на топлина од 220 степени, осносно кога ја пеглате, фенирате, сушите со фен.

Важно! Подобрете ја исхраната

Внесувањето на витамини е главниот еликсир, односно овошје и заленчиук како и внесувањето на доволни количества вода. Добро за подобрување на општата состојба на вашето тело, а тоа секако ќе се рефлектира и на квалитетот на косата. Ние би ви препорачале да користите ленено семе и рибино масло, чии состојки секако ќе допринесат.

Кокосовото масло има делотворни дејства, така што почнете и од  него барем еднаш во неделата добро да ја нахраните косата. Доколку таа е задоволна од вашата нега, бидете сигурни дека ќе ви врати со најдобри резултати какви отсекогаш сте посакувале.

Објавено:
4 јуни 2014
Категорија: 
Убавина