Сакате вакво тело? Пробајте го Insanity workout!

3 април 2014

Веруваме дека секогаш си велите дека немате доволно време да одвоите за вежбање, но сега можете успешно да вежбате и дома. Единственото нешто на што дефинитивно мора да посветите внимание е дисциплината на која мора да и се посветите.

Програмата Insanity workout е целосно осмислена од Шон Т., еден од најдобрите фитнес тренери на денешницата. Оваа одлична програма е дел модерниот фитнес, а секој оној кој досега го пробал, вели дека ова е најдоброто од фитнесот досега!

Сигурно сега се прашувате зошто целата програма е наречена Insanity? Токму поради тоа што вежбите се незамисливо комплексни, тешки и напорни, поради што пак, за вкупно 60 дена ќе остварите неверојатни резултати.

Како што споменавме, целата програма трае два месеци, време во кое вашата кондиција значително ќе се подобри.

Доколку веќе се решивте дека сакате да започнете со програмата, она што треба да го направите е да вежбате 45 минути секој ден, освен недела – ден што ќе ви послужи за одмор, а со сето ова, потребно е да ја комбинирате и исхраната.

На овој начин ќе го промените вашето тело и дефинитивно ќе ја зголемите вашата флексибилност.

Ако се одлучите за ваква авантура, ви ја посакуваме сета среќа на светот, а за тоа како се одвива цел еден тренинг, можете да дознаете во следното видео.

Објавено:
3 април 2014
Категорија: 
Убавина