Само за црвенокоси: Совети како да го одржите црвениот сјај на косата

25 октомври 2014

Дами,  за сите вас кои сте вљубенички во црвените прамени, имате црвена боја на коса и сакате да знаете како подолго да ви трае бојата и да го одржите природниот сјај на влакното,  денес имаме неколку совети.

Пред сè, треба да водите сметка за тоа колку често се фарбате , бидејќи претераното боење на косата не само што го оштетува влакното, туку и скалпот на главата. За да го одржите црвениот сјај на вашата коса, редовното фарбање според експертите треба да се изведува со комбинација на природни бои кои не го оштетуваат влакното.

Стабилизацијата на бојата, односно долготрајниот ефект на црвениот сјај ќе успеете да го задржите ако правилно ја миете и негувате вашата коса. Користењето на шампон кој го спречува процесот на измивање на бојата и балсам за одржување на сјајот се примарни производи кои треба да ги користите доколку сакате да имате одличен ефект.

Исто така пожелно е доколку сте во можност редовно да правите третмани кои ја штитат косата, ја подобруваат структурата на влакното, а со самото тоа и овозможуваат долготрајна боја и сјај на самата коса.

Светските стилисти кои ја имаат таа чест да работат со познатите ѕвезди, велат дека за подолготраен ефект и одржување на црвениот пигмент, одлично би било ако меѓу две фарбања користите пена за коса која содржи ревитализирачки состојки, крема во боја и пигменти за нагласување на сјајот на влакното.

Објавено:
25 октомври 2014
Категорија: 
Убавина